ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ НАБАВИ 10 000 ЛЕД СВЕТЛА СО ШТО ЌЕ ЗАШТЕДИ 70% ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ!

СОВЕТОТ НА СКОПЈЕ ЌЕ ГЛАСА ЗА ПАМЕТНО ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ И ПЛАТФОРМА ЗА ПАМЕТЕН ГРАД
Развојниот план за изградба и одржување на паметно јавно осветлување на улици во надлежност на Град Скопје и платформа за паметен град на подрачјето на Град Скопје за период (2021-2023) година е една од главните точки за која ќе расправа Советот на Град Скопје на денешната 60-та седница. Со овој развоен план се утврдува дека Градот има потреба за имплементирање на систем за паметно осветлување и платформа за дигитален град (Digital City), базирана на најсовремена технологија, интернет на нештата (Internet of Things/IoT), која ќе овозможи поврзување на разновидните уреди и компоненти на платформата преку интернет, заради собирање на информации за точно разбирање на настаните во реално време, анализа на истите и преземање на соодветна акција.

Имплементацијата на системот за паметно осветлување предвидува набавка и инсталацијата на околу 10.000 нови ЛЕД светилки на сообракајниците, проштадите и јавните површини во надлежност на
Градот, а со тоа значително ќе го модернизира постоечкиот систем и ќе ја унапреди енергетската ефикасност на Градот Скопје. Согласно иницијалните анализи, замената на постоечките натриумови и живини светилки со ЛЕД светилки како извори на енергетски ефикасно осветлување и дополнително користење на опцијата за нивна паметна регулација (димирање) на светлосниот интензитет, носи потенцијал за заштеди на потрошувачката на енергија за јавното осветлување, од околу 70% во однос на постоечкиот систем.

Покрај паметното осветлување, предвидено е изработка на платформа за дигитален град, подразбира изработка и интеграција на модули за систем за паметно осветлување, систем за паметно паркирање, систем за мониторинг на квалитетот на воздухот, систем за јавно мислење и задоволство на граѓаните, систем за паметно мерење на потрошувачка на вода, како и Градски портал за IoT.

Link with us
Game bài đổi thưởng