Градоначалникот Марин се сретна со претставници на МЗТ Скопје Аеродром кои ја освоија двојната круна во Кошаркарското првенство и Купот на Македонија

Денеска во посета на градоначалникот Златко Марин беа шампионите на Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје претставувани од капитенот Дамјан Стојановски, Кристијан Николов и спортскиот директор Тони Грнчаров.

Повод на посетата беше освојувањето на двојната круна во Кошаркарското првенство и Купот на Македонија.

„Им честитам на нашите храбри момци за освоената титула. Општина Аеродром и во иднина безрезервно ќе ги поддржува нивните подвизи и ќе вложува во развој на сите спортови“, изјави градоначалникот Златко Марин.

Како знак на благодарност капитенот Дамјан Стојановски му подари дрес на градоначалникот Марин.

Link with us
Game bài đổi thưởng