ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГАЗИ БАБА: ДОДЕЛИВМЕ 600.000 ДЕНАРИ ГРАНТ ЗА МЛАДИ СТУДЕНТИ ИНОВАТОРИ

Општина Гази Баба веќе четврта година го спроведува проектот поддршка на студенти иноватори. преку овој проект даваме поддршка во реализација на иновативните идеи на студентите од факултетите кои се наоѓаат во Гази Баба.

Оваа година на јавниот повик поднесени беа вкупно 7 апликации, а комисијата при евалуацијата на проектите одбра три апликации добитници на грант од 200.000 денари.

Добитници на грант од проектот за поддршка на проекти од студенти иноватори се:

➡️ПМФ со проектот – Современа и иновативна едукација во биологијата,
➡️ПМФ со проектот Од отпад до 3Д печатен производ и
➡️Земјоделски институт со проектот Подобрување на квалитетот на јаките алкохолни пијалаци преку воведување на напредна технологија на дестилација.

Како општина посветено работиме да им дадеме фер шанса на младите тука, во својата општина, во својата држава. Така продолжуваме и во иднина. Само на овој начин, почитувајќи ги и мотивирајќи ги младите можеме да ги задржиме тука и да им обезбедиме добра иднина.

sunwin đổi thưởng sunwin tài sun win

go88 gg taixiu go88 tải go88

chơi rikvip tai game rikvip rik vip