ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОХРИД, ГЕОРГИЕВСКИ: Прво рушиме се што е диво на крајбрежјето, следна фаза е рушење на објекти во паркот Галичица каде спаѓа и Трпејца

– Имаме акциски план и според него прво рушевме лани и полани кај езерот во центарот на градот, оваа година рушиме покрај езерото на потегот свети стефан, лагадин до елешец, а следна фаза е рушење на се што е диво изградено во паркот Галичица каде спаѓа Трпејца и Свети Наум. Имаме пари за рушење, ако треба пак ќе ни помогне владата. Досега сме срушиле многу сериозни објекти, камиони и камиони градежен шут, мораше да викнеме и багери толку многу цврсти беа објектите покрај езерото…

Градоначалникот на Охрид, Костантин Георгиевски во емисијата Топ Тема на Телма каде гостин беше и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

За разлика од него, Рамиз Мерко има поинаков пристап, кажа дека ќе се тргаат само платформите во езерото а објектите покрај езерото нема да се рушат затоа што се единствена туристичка понуда во градот. За Радожда вели дека тие платформи и мали потпорни зидови постојат од пред УНЕСКО и нема намера да ги чепка. Тој се пожали дека некој намерно го кочи развојот на Струга, вели дека има многу странски инвеститори кои сакаат да градат хотели на простори покрај езерото кои сега се змијарници и напуштени поранешни камп одмаралишта со скапани камп приколки но упорно никој не им дава дозвола од централната власт за такви инвестиции.

Link with us
Game bài đổi thưởng