Граѓани до Судскиот совет пријавија корупција од судии во штипскиот основен и апелациски суд

„Стоп за криминалот во судството“ за конкретни случаи денеска на средба ги извести членовите на Советот

Претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп за криминалот во судството“ денеска го известија Судскиот совет за конкретни случаи од подрачјето на Апелациониот суд Штип во кои посочија дека имало криминал и корупција. На средбата со претседателката Павлина Црвенковска и со членовите на Советот, тие посочиле конкретни имиња на неколку судии од Основниот суд Штип, од Апелациониот суд Штип и од Врховниот суд, соопштија од Судкиот совет.

Граѓанската иницијатива презентирала нивни докази во врска со неколку судски случаи преку кои тврдат дека одредени поединци, судии и адвокати, создадле мрежа и со местење на пресуди заработуваат, а парите, според тврдењата на иницијаторите, завршуваат кај поединци.

Во прилог на нивните тврдења дека судии незаконски се збогатувале, тие приложиле податоци за имотната состојба на некои судии од кои се гледа дека несразмерно се богателе во последните години, а при тоа примале само месечна плата за судиската функција.

По изнесените сериозни обвинувања на граѓанската иницијатива, во која членуваат бизнисмени, чии фирми настрадале во судските процеси, претседателката на Судскиот Совет ги извести дека имаат можност да поднесат барања за утврдување одговорност на судиите за да може советот да постапува и да утврди евентуална повреда на законите и неодговорно постапување.

За евентуалната кривична одговорност на посочените судии, надлежно е јавното обвинителство, до кое, како што истакнаа на средбата, бизнисмените веќе поднеле пријави, а дополнително подготвуваат и нови.

„Судскиот совет ќе направи се што е предвидено според законските можности да се расчистат сомнежите во овие, но и во други случаи што ќе ги пријават граѓаните. Судскиот совет постојано постапува по барањата за утврдување одговорност кај судиите, доколку тие барања се поднесени навремено и имаат содржано докази“,

се вели во соопштението.

Иницијативата „Стоп за криминалот во судството“ е формирана во Штип од страна на десетина бизнисмени, сопственици на компании, кои имаат и по неколку судски случаи во кои сметаат дека биле финансиски оштетени. Затоа го повикаа Судскиот Совет, да врши мониторинг на судските процеси во кои била очигледна корупцијата, со цел да ги попречи судиите во криминалот, а на граѓаните и на фирмите да им овозможи полесен пат до правдата.

sun win

tải sunwin apk tải sunwin sunwin tài xỉu

tải sunwin

sunwin.apk mới nhất game bài sunwin sunwin web

sunwin web tải sunwin apk tải sunwin