Граѓаните да бидат заштитени од функционери кои бараат да префрлат имот на нивно име, вели Ивановска

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска бара со Законот за потекло на имот да се овозможи граѓаните да се заштитат од притисоци од функционери кои ќе бараат од нив имотот да го стават на нивно име.

Според неа, она што ДКСК го заговараше и сакаше да го постигне како цел со овој закон не е предвидено децидно превентивната улога на законот.

Ивановска посочи дека треба да се опфати тој дел, потенцирајќи дека ДКСК е против прагот од 30 илјади евра, бидејќи според неа, познавајќи го нашиот менталитет, секој ќе има имот под 29.900 и нема да може да се запленува.

-Затоа, ние бараме секој граѓанин да се искаже од каде му е имотот. Во тој случај, тие луѓе што не се службени лица или функционери, многу лесно ќе им биде да ги одбијат таканаречените пријатели кои што ќе побараат во нивно име да биде запишан имотот, рече Ивановска.