Грција, Бугарија и Албанија со осуда за Русија, Хрватска отворена за бегалци од Украина

Осуда на рускиот напад врз Украина и повик Русија да ги прекине воените дејствија изразија Македонија, но и сите земји од регионот.

„Ја повикуваме руската страна веднаш да ги прекине воените дејствија, кои покрај другите сериозни последици, ги ставаат во опасност животите на цивилите, вклучително и грчката заедница која живее во Украина. Изразуваме солидарност за Украина“, соопштуваат од грчкото МНР.

Остро ја осудуваме руската воена агресија врз Украина, напиша и бугарскиот премиер Кирил Петков на Твитер за ситуацијата во Украина.

„Употребата на воена сила против суверена држава е неприфатлива во 21 век“, порача Петков.

И премиерот на Албанија Еди Рама на Твитер напиша дека Албанија се придружува на сојузниците на НАТО и на Европската унија, порачувајќи дека мислите и молитвите се со украинскиот народ.

„Им се придружуваме на сојузниците на НАТО и ЕУ во острата осуда на руската агресија. Нашите мисли и молитви се со украинскиот народ“, напиша Рама на Твитер.

Истовремено, пратеникот во хрватскиот Парламент и член на Комисијата за надворешна политика Бојан Главашевиќ изјави дека во собраниското тело интензивно се разговарало за бранот бегалци од Украина и оти ставот на парламентарното мнозинство е крајно отворен за можноста да се примат повеќе бегалци од оваа земја.

game sunwin

game sunwin sunwin.apk mới nhất sunwin club

sun win

sunwin apk sunwin club sunwin web

tải sunwin