Грција ги засилува мерките од 15 јули – видете кои се ограничувањата

Важна промена во правилата во Грција, што е од интерес за секој што има намера д ja посети. Од 15 јули, кафулињата и рестораните ќе бидат отворени само со негативен тест за КОВИД или потврда за вакцинација.

Во исто време, ќе има установи што ќе прифаќаат само вакцинирани клиенти со две дози. Од понеделник влегуваат новите барања за патување со траекти и меѓуградски автобуски линии.

Мерката предизвика бурни реакции кај Грците. Од понеделник, Грција исто така вклучува нови барања за патување со траекти, според кои возрасните и децата над 12 години можат да патуваат само со потврда за вакцинација, негативен тест за PCR или брз антиген тест.

Грците остро реагираа. Освен паричните трошоци, огромна загриженост е и како ќе бидат заштитени личните податоци. Сопствениците на ресторани стравуваат дека оваа мерка ќе доведе до нови банкрот на ресторани и кафулиња.

Повеќе од 60 проценти од Грците постари од 60 години веќе се имунизирани против КОВИД-19. Целта на владата сега се млади луѓе. Сепак, нивниот интерес за имунизација останува мал, дури и откако властите понудија бонус од 150 евра доколку се вакцинираат.

Според плановите на владата во Атина, до крајот на август 80 проценти од грчкото население треба да бидат целосно вакцинирани. Сега процентот е половина.

Link with us
Game bài đổi thưởng