Грција го отвора и граничниот премин Меџитлија

На први јули ќе биде отворен граничниот премин Меџитлија, најави грчкиот градоначалник на Општина Преспа, Панајотис Пасхалидис.

„Важна вест: Веродостојни информации дека од 1 јули одново и регуларно ќе почнат да работат граничните премини Кристалопиги и Ники (Меџитлија)“, напиша Пасхалидис на Фејсбук.

И од двете страни на границата, и од Македонија и од Грција, локалното население, но и бизнисмените во изминатиот период бараа да се отвори граничниот премин Меџитлија.

Од граничните премини меѓу Македонија и Грција, од грчка страна, отворен е само преминот Евзони (Богородица).

Link with us
  • sunwin mới nhất sunwin sunwin cổng số 1
  • playgo 88 go88
  • go88 go88code
Game bài đổi thưởng