ГРКОСКА: Во интервјуто за ТВ21 истакнав дека процесот на дигитализација во нашата држава во наредниот период ќе биде спроведен

Во интервјуто за ТВ21 истакнав дека процесот на дигитализација во нашата држава во наредниот период ќе биде спроведен со стратешки пристап со мапирани приоритети во точно определени периоди за да постигнат сеопфатни, ефикасни и одржливи решенија кои во фокусот ќе го имаат интересот на граѓаните и ефикасноста на институциите.

Со поддршка од САД и соработка со експертите од Естонија потпишавме договор за подготовка на стратегијата која ќе ни биде патоказ на краток, среден и долг рок кој ќе ги утврди кои се таргетите како држава што треба да ги постигнеме и на каков начин.

Во функција на Вицепремиер задолжен за политики за добро владеење дејствувам во насока на соработка со сите институции, координирање со активностите и да се најдат најдобрите решенија за процесот на дигитализација и другите области кои го гарантираат доброто владеење низ институционален систем што ќе функционира ефикасно и транспарентно.