Во рамки на денешниот состанок со Евроамбасадорот Дејвид Гир, разговаравме за процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија, кој истакна дека продолжува поддршката на #ЕУ за почеток на преговорите и унапредување на реформите.
За нас од исклучителна важност е досегашната соработка со институциите на Унијата, затоа во таа насока ги презентирав активностите и плановите за реформските промени преку политики за добро владеење со конкретни системски решенија.
Разменивме мислења во поглед на дигитализацијата на процесите како и ефикасна и транспарентна работа на институциите. Од тој аспект потребна е размена на искуства и практики, заради ефективно и непристрасно следење на примената на Кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. ??