Грковска: Сензибилитетот на граѓаните против корупцијата е зголемен

„Треба храбри луѓе за борба против корупција. Тоа што мене ме радува е што корупцијата за прв пат е во анкетите посочена како проблем број еден. Што значи дека сензибилитетот на граѓаните против корупцијата е зголемен и јас очекувам храброста на сите нас да се справиме со корупцијата во таа насока да биде многу повеќе зголемена“, изјави во интервјуто за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Таа ја истакна редовната комуникација и соработка со Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) , посочувајќи дека Владата останува на заложбата за носење вистински решенија за надминување на критичните точки на корупција.

Грковска очекува секој субјект да има повисока одговорност, без разлика дали е на власт или опозиција, истакнувајќи дека секој одделно е одговорен во својот дел за состојбите во државата.

Таа додаде дека од оваа одговорност, не може да бега ниту опозицијата.

„Очекувам поголема зрелост и во одредени процеси да биде партнер со државата, како на пример во борбата со корупцијата“, оцени заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење.

Link with us
Game bài đổi thưởng