Груби беше во посета на Приштина: Тој се сретна со вицепремиерката на Косово, г-ѓа. Албулена Балај-Халимај, се договара заедничка владина седница со Косово и Северна Македонија

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу
заедниците, г.Артан Груби денеска во Приштина оствари работна средба со
заменик-претседателката на Владата на Република Косово, г-ѓа. Албулена
Балај-Халимај.

На оваа средба се разговараше за одржување на заедничката седница меѓу
двете влади, на Северна Македонија и Косово, каде двајцата вицепремиери
Груби и Балај-Халимај се обврзаа да ја одржат оваа седница што е можно
поскоро, бидејќи има многу прашања за дискусија и многу договори за
потпишување за доброто на граѓаните.

Груби и Балај разговараа и за интерконекцијата со гас на Република
Косово, процес што треба да се направи преку Северна Македонија.

* реклами —————————————————————————————————————————————–

—————————————————————————————————————————————————

Првиот вицепремиер, г. Артан Груби ја извести вицепремиерката на Косово,
г-ѓа. Албулена Балај Халимај дека физибилити студијата финансирани од
Инвестицискиот Фонд за Западен Балкан се веќе започнати и ова ќе биде од
голем интерес за граѓаните на Република Косово, не само заради цената на
електричната енергија, туку и заради заштитата на животната средина.

Груби и Балај разменија мислења и за автопатот Скопје-Блаце, кој ќе биде
поврзан со автопатот што води кон Приштина.

Груби и потенцираше на вицепремиерката Балај дека во Северна Македонија,
владата веќе го назначи г. Ејуп Рустеми за директор на ЈП „Државни
патишта на Македонија“, со кого за 1 недела одржал два состанока и дека
веќе започнаа интензивно да се занимаваат со овој пат. Според Груби, 90
проценти од експропријацијата на земјиштето е завршена, а останатите 10
проценти ќе бидат завршени најдоцна во рок од 1 или 2 недели, додека
работите веќе трет ден започнаа во првите два километра на патот што
води кон Блаце.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу
заедниците, г. Артан Груби го повтори својот став дека се надева дека до
крајот на 4-годишниот мандат на владата, граѓаните на двете земји ќе
имаат можност да пристигнат од Скопје до Приштина и обратно за 40
минути, продолжувајќи со воспоставувањето на заеднички контролни
пунктови на границите помеѓу Северна Македонија и Косово.

На крајот на оваа средба, Груби и Балај-Халимај разговараа и за
соработката во областа на туризмот, особено за ски центарот Попова Шапка
во Северна Македонија и Брезовица во Косово, каде преку јавно приватно
партнерство и европски фондови можно е да се изгради центар на заеднички
туризам што ќе биде најатрактивниот во Југоисточна Европа.

Link with us
Game bài đổi thưởng