Груби: Дигиталната апликација “Хана“, сегмент на еднакво општество

Скопје, 6 Декември – По промовирањето на Аудиочитачот на македонски јазик – Кико, слепите лица и лицата со оштетен вид, чиј мајчин јазик е албанскиот, ја добија и албанската верзија – Хана. И оваа апликација на албански јазик, налик на македонската, ќе овозможи пишаниот текст да се слушне и разбере во аудио верзија. За првпат, лицата со оштетен вид кои говорат албански јазик добија аудиочитач на мајчин јазик, „Хана“ ќе биде достапна за околу 5000 слепи лица од регионот. „Хана “ ќе може да ја користат околу 5000 слепи лица од регионот со мајчин албански јазик, но секако таа бројка е поголема ако се зема предвид и албанската дијаспора низ светот.

Првиот Заменик на Претседателот на Владата на РСМ, Артан Груби изрази големо задоволство за тоа што на слепите лица и лицата со оштетен вид од денеска значително ќе им се олесни секојдневниот живот.

„Заложбата на Владата на Република Северна Македонија е да создаде општество за сите, во кое сите ќе имаат еднаков пристап до образование, вработување, здравство и еднаква заштита од секаква дискриминација. Во своите стратегии и политики, Владата има јасна заложба за подобрување на квалитетот на животот на лицата со попреченост. Во согласност со одредбите на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, чиј потписник е и нашата земја, имаме стратешка цел да ги подобриме условите за целосно вклучување на лицата со попреченост во сите општества. Донесен е заклучок за потребата од задолжително вклучување на учениците со лесна интелектуална попреченост во редовните училишта. Беа оценети и сите деца од прво до петто одделение од посебните основни училишта и посебните паралелки во редовните училишта во Република Северна Македонија за да се утврди нивната функционалност и потребата од дополнителни услуги за вклучување во редовните основни училишта”, нагласи Груби.

Дигиталната апликација – аудио читач ќе биде бесплатна и достапна за сите корисници на Андроид системи под името RHVoice, мобилни телефони, десктоп компјутери или други електронски уреди. Откако ќе се инсталира апликацијата RHVoice, потребно е да се одбере „албански “ на листата со јазици, потоа да се кликне „инсталирај“ веднаш до називот Хана.

“Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата, во соработка со Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство, спроведува реформи во процесот на проценка на потребите на децата со попреченост. За таа цел е подготвен нов модел за проценка на потребите на овие лица во согласност со Меѓународната класификација на функционирање (IFC). Новиот модел предвидува зголемување на бројот на стручни тела за проценка на 9 тела во повеќе градови од нашата земја. За прв пат во Република Северна Македонија, Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост е достапна на знаковен јазик за лицата со оштетен слух. Овој чекор го почитува правото на пристап до информации во достапни формати според истата Конвенција. Националното координативно тело ја започна иницијативата за ратификација на Договорот од Маракеш, чија цел е да се зголеми пристапот до книги, списанија и други печатени материјали за слепите и други лица кои имаат потешкотии да користат печатени материјали”, рече првиот Вицепремиер, Груби.

Користењето на аудио читачот како апликација е мултинаменска.Освен за слепите лица, продуктот ќе може да го користат и лицата со потешкотии во учењето, лицата со дислексија и сите оние лица кои информациите најдобро можат да ги разбираат во аудио формат. На двете верзии од аудио читачот работеше тим составен од ИТ експерти од американска компанија специјализирана за изработка на говорни синтези со искуство на изработка на вакви продукти за неколку говорни подрачја, поддржани од локален и регионален тим од филолози и лингвисти од реномирани институции.

“Се работи на приспособување на интелектуалните дела на крајните корисници (слепи лица), како и за измена и дополнување на Законот за градење кои измени ќе се засноваат на основните постулати на Конвенцијата на ОН. Во оваа прилика, дозволете ми да го изразам моето задоволство и радост за АУДИО Читачот ХАНА, првиот на албански јазик, кој текстот и фотографијата ќе ги трансформира во звук и ќе им помогне на илјадници слепи лица во Северна Македонија, Албанија, Косово и пошироко. Посебна благодарност до министерката Јахода Шахпанска и УНДП кои овозможија реализација на овој ЧИТАЧ кој ќе им помогне на овие луѓе овозможувајќи комуникација и непречено движење и ќе им ги олесни секојдневните активности. Можноста за еднаков пристап за сите во градењето на еднакво општество е многу важна. Затоа нема да престанеме да работиме заедно, да ги надминеме бариерите и да обезбедиме еднаков пристап до здравството, културниот и социјалниот живот, но и до образование и вработување за сите граѓани подеднакво“, истакна Груби.

Link with us
Game bài đổi thưởng