Груби – Кундурос: Грција силно го поддржува отворањето на преговорите за Северна Македонија со Европската Унија

Скопје, 31 јануари – Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби денеска оствари средба со амбасадорот на Република Грција во Скопје, г. Русос Кундурос.

Амбасадорот Кундурос и првиот вицепремиер Груби се согласија дека веќе се создадени одлични услови за натамошно унапредување на односите меѓу двете земји, како во областа на енергетиката и економијата, така и во сите други области кои се важни и за доброто на граѓаните на нашите две земји.

Амбасадорот Кундурос на првиот вицепремиер Груби му ја пренесе и силната поддршка од грчката држава во однос на надминувањето на спорот со Република Бугарија и за почетокот на преговорите за членство во Европската Унија.

Груби и Кундурос за време на оваа средба исто така оценија дека интеграцијата на Западниот Балкан во Европската Унија е дополнителен придонес за регионалната стабилност и дополнителна можност за имплементација на европските стандарди, а со оваа и развојот на целиот регион.

Првиот вицепремиер Груби и амбасадорот Кундурос заеднички констатираа дека решавањето на спорот меѓу Република Северна Македонија и Република Грција со потпишувањето на Преспанскиот Договор, отвори големи можности за развојот на односите меѓу двете земји.

На оваа средба Груби и Кондурос разговараа и за регионалните актуелности, особено за отворените спорови во Западен Балкан.

Груби и Кундурос на крајот на оваа средба заедно заклучија дека Република Северна Македонија и Република Грција преку билатералното пријателство веќе промовираат стабилност на целиот Западен Балкан.

sunwin club game sunwin sunwin apk

game sunwin game bài sunwin game bài sunwin

tải sunwin

sun win

sunwin club sunwin club tải sunwin apk