Група од пет до осум мажи, наводно, групно силувале Британка во хотел на грчкиот остров Родос.
Жената (31) тврди дека таа и нејзините пријателки ги запознале мажите од Белгија во ноќен клуб во приморското одморалиште Фалираки.
Таа рекла дека мажите – на возраст меѓу 30 и 35 години – потоа ја однеле неа и нејзините пријателки во нивната хотелска соба во Фалираки.
Британката и рекла на полицијата во Грција дека имала консензуален секс со еден од мажите на балконот од хотелот и во собата.
Таа рече дека во еден момент нејзините пријателки ја напуштиле собата.
Жената тврдела дека група мажи потоа ја нападнале и групно ја силувале.
На полицијата и рекла дека побегнала од хотелот и со такси се вратила до местото каде што престојувала.
Жената го пријавила наводното групно силување во полиција во понеделникот наутро во 7 часот по локално време.
Полицијата во Родос започна истрага и оттогаш уапси четворица Белгијци, на возраст од 31, 31, 32 и 35 години, кои не се именувани.
Британката ги идентификувала сите четворица мажи како нејзини наводни силувачи.
Инспекторите зеле примероци на ДНК од четворицата мажи, додека полицијата продолжува да трага по други осомничени.