ЌЕ СТАНЕМЕ НАЈБЛИСКИ ПРИЈАТЕЛИ СО ГРЦИТЕ – ГРЦИТЕ ЈА ПРИЗНАВААТ МПЦ: Хорот од Бигорскиот манастир првпат настапи на официјален настан во Атина

„Мислам дека првпат хор од нашата црква присуствува на еден ваков настан, официјален настан на Грчката православна црква и сметаме дека пеењето беше доста успешно, бевме доста успешно примени од публиката“, рече отец Анатолиј.

Аплаузи и воодушевување – хорот од Бигорскиот манастир првпат настапи на официјален настан во Атина”>

Со долг аплауз и воодушевување од присутните беше поздравен настапот на монашкиот хор при Бигорскиот манастир за време на Меѓународниот фестивал на православна црковна музика што се одржува во Атина, што воедно беше и прво нивно вакво претставување во грчката престолнина, јави МИА.

Фестивалот е под покровителство на Министерството за култура на Грција, Општина Атина и атинската архиепископија и воедно станува збор за прв настап на македонски хор на ваков официјален настан кај јужниот сосед.

Присутни беа генералниот секретар од Министерството за надворешни работи на Грција, претставник на грчкиот архиепископ Јеронимос, како и игуменот на Бигориски манастир, Епископ Антаниски г. Партениј.

Отец Анатолиј, одговорен за машкиот хор, по завршувањето на настапот изрази задоволство како од пеењето, така и од приемот на публиката. Објасни дека учеството на првиот Меѓународен фестивал на православна црковна музика беше по покана од претседателот на Здружението на јеропсалти, односно црковни певци на периферијата Атика, поширокиот регион на Атина, Илиас Редиадис -Тумбас, а „сето тоа е со благослов на архиепископијата атинска, односно на архиепископот атински господин Јероним и со нивно покритие“ и со поддршка од Министерството за култура на Грција.

„Ова е првпат во нашата, да речам понова историја, бидејќи не сум доволно сигурен за минатото, но мислам дека првпат хор од нашата црква да присуствува на еден ваков настан, официјален настан на Грчката православна црква и сметаме дека пеењето беше доста успешно, бевме доста успешно примени од публиката“,

истакна отец Анатолиј.

Додава дека нивниот настап е реализиран со заложбите кои Игуменот на манастирот, епископот Антаниски г. Партениј ги има направено во црковната музика, како и за промоција на Македонската православна црква – Охридска архиепископија насекаде во светот и во Грција.

Здружението на јеропсалти од Атика на епископот г. Партениј му додели почесен медал за неговите заложби за источно-црковното православно пеење.

Концертот се одржа во Соборниот храм посветен на Благовештение на Богородица, а организаторите и домаќините, посебно време посветија на гостите од Северна Македонија и посебно го истакнаа учеството на хорот од Бигорскиот манастир.

На почетокот на концертот, како претставник на грчката Влада, на присутните им се обрати генералниот секретар од Министерството за надворешни работи на Грција, Јоанис Хрисулакис, кој во име на грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, го поздрави синоќешниот настан и рече дека „византиската музика може донесе само единство и радост во нашите души“.

Претседателот на Здружението на црковни певци на периферијата Атика, Илиас Редиадис -Тумбас, претставувајќи ги учесниците, се осврна на игуменот на Бигорскиот манастир, Епископот Антаниски г. Партениј, за кој рече дека „во 2018 година беше прогласен за почесен граѓанин на Европа од Европскиот Парламент, за неговото многустрано пастирско, хуманитарно и образовно дело во соседната земја, Северна Македонија“.

Првиот меѓународен фестивал на православната црковна музика се одржува во Атина од 3 до 5 декември 2021 година, а Бигорскиот монашки хор и денеска и утре ќе учествува на различни настани.

„Поканети сме во недела да пееме на неделната литургија во црквата „Свети Пантелејмон“, таа е најголемата црква во Атина и ја нарекуваат Света Софија Атинска. Таму ќе пееме на левата певница, односно на словенски јазик. Тоа значи дека половина од богослужението ќе биде на грчки, половина ќе биде на црковнословенски јазик и тоа е доста уникатен настан. Се надеваме дека ќе помине многу убаво и со нетрпение го очекуваме“,

рече отец Анатолиј.

Link with us
Game bài đổi thưởng