И Фатиме Фетаи отпатува да ја бодри Македонија: Многу го сакам фудбалот, не пропуштам утакмица на Милан!

Голем број македонски навивачи утрово отпатуваа за Букурешт за да ја бодрат македонската фудбалска репрезентација која за прв пат ќе настапи на Европското првенство.

Меѓу навивачките фанови во авионот за Букурешт беше и некогашната обвинителка на Специјалното јавно обвинителство, а сега дел од Вишото обвинителство Фатиме Фетаи.

– Го сакам фудбалот и навивам за Милан. Речиси не пропуштам натпревар на италијанскиот фудбалски тим на телевизија. Но чувството е посебно кога си на трибини и навиваш за својата држава, истакна Фетаи.

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 18 часот во Букурешт ќе игра со Австрија, и тоа ќе биде историски прв натпревар на едно Европско првенство.

Број на трибините на Националната арена во Букурешт ќе биде ограничен поради условите кои ги дитира пандемијата. Максималниот капацитет на стадионот во романскиот главен град е максимални 33 отсто, а според продажбата на билети, Македонија ќе ја бодрат околу 2.000 навивачи.

Link with us
Game bài đổi thưởng