И ФРАНЦИЈА ЌЕ МУ ЗАБРАНИ НА НЕВАКЦИНИРАНИОТ ЃОКОВИЌ ДА ИГРА НА РОЛАН ГАРОС

По Австралијам опен, Ѓоковиќ можеби нема да може да ја брани и титулата на вториот гренд слем турнир (Фото: АП)

Новак Ѓоковиќ би можел да добие забрана за учество и на Ролан Гарос откако министерството за спорт соопшти дека нема да има исклучоци од новиот закон за ковид пропусница, што вчера беше изгласан во францускиот парламент.

Невакцинираниот српски тенисер вчера беше депортиран од Австралија откако ја изгуби десетдневната судска битка за влез во земјата и учество на првиот гренд слем турнир.

Според новиот француски закон, граѓаните ќе мора да покажат доказ за вакцинирање при влез во јавни места, како ресторани, кафулиња, киносали и возови на долги релации.

„Правилото е едноставно: ковид пропусницата веднаш ќе се воведе на сите места на кои досега се бараше здравствената пропусница. Ова ќе се однесува на сите, и на гледачи и на професионални спортисти. Што се однесува до Ролан Гарос, тој е во мај. Ситуацијата можеби ќе се промени дотогаш, се надеваме на подобро. Сепак, исклучоци нема да има“, кажаа од министерството.

Претседателот на Тениската федерација на Франција, Жил Моретон, кажа дека на Ролан Гарос нема да важат дозволите за медицинско изземање од вакцинирањето.

Освен што не е вакциниран против ковид-19, Ѓоковиќ призна дека ги кршел правилата за изолација откако имал позитивен тест во декември и дека дал лажна изјава дека не патувал 14 дена пред доаѓањето во Мелбурн.

sun win

sunwin

sunwin apk tải sunwin sunwin apk

sunwin apk sunwin web game sunwin

sunwin tài xỉu sunwin web game sunwin