И професорите на протест, дали виси јунската испитна сесија?

Сојузот на синдикати на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ го повика наставниот и ненаставниот кадар во четврток пред платото на Ректоратот преку мирен протест да го изразат револтот и незадоволството од игнорантскиот однос на надлежните органи кон вработените на скопскиот универзитет, во врска со непотпишување на колективниот договор и барањето за поголеми плати.

Протестот, како што велат од Синдикатот на УКИМ, е предупредувачки, но ако не им се исполнат барањата, не ја исклучуваат можноста за штрајк во време на јунската сесија, со што во неизвесност може да дојде полагањето на студентите на скопскиот универзитет.

Потпишување на колетивниот договор со четиригодишни проекции за покачување на платите, односно 25 отсто на годишно ниво во наредните 4 години, е барањето на синдикалците кои велат дека се принудени да излезат на протест затоа што повеќе од една година во Владата нема слух за подобрување на општествениот статус на наставниот и на ненаставниот кадар на УКИМ.

„Платите на вработените на најстариот, најголемиот и најдобриот Универзитет се исклучително ниски и се неколку пати помали во споредба со платите на универзитетите во регионот. Просечната плата во државата надмина 31.000 денари, а платата на доцент изнесува 30.590 денари. Со децении наназад платите на редовните професори беа на ниво на судиите, на јавните обвинители, а сега се двојно пониски. Тоа се однесува и на платите на ненаставниот кадар во однос на другите јавни дејности“, велат од Синдикатот на скопскиот универзитет.

tải sunwin

tải sunwin

tải sunwin apk game sunwin sunwin.apk mới nhất

tải sunwin sunwin club sunwin

tải sunwin