И ВО ПОРАЗИТЕ, ЗАЕВ Е ВЕЛИКАН НЕДОСТИЖЕН ЗА МНОГУМИНА ВО МАК ПОЛИТИКАТА

Изгуби, излезе на прес си даде оставка и си замина. Толку. И ова ли е диктатор на хибриден режим?!?!?!

Изгуби додека беше премиер, значи не ги силуваше изборите, не вадеше црни пари, не влечеше никого за уши, само му кажа на народот, ако изгубам ќе си одам, вие одличете, и бидна…

И сега? Кој го има ова направено? Љубчо вети во 1999та дека ќе си оди ако изгуби на локалните па после се смееше во собрание дека им давал само четки на опозиционерите кои го прегазија на локалните 1999-та…

Бранко и Грујо се држеа на власт до последен момент па мораше да ги мењаме со крв во собрание, Бранко пак ќе се враќа во политиката затоа на овие избори работеше против Заев…

А Заев? Човекот толку лесно си даде оставка како да е тоа најлесното нешто…

Што покажа со тоа? Дека никогаш не бил болен за власт, дека позицијата премиер не му го поматила умот па да биде опседнат со таа моќ, очигледно таа позиција ја сфаќал и премногу тешко и мачно па со толкава леснотија си замина за Струмица со нечујна порака, народе јас ви се нудам, вие не ме сакате, ок, ваша е одлуката…

Паднаа во вода сите паники и стравови и црни пропаганди дека Заев бил диктатор дека се плашел да си замине од политиката затоа што ќе одел во затвор дрн дрн слични глупости на кои народот за жал поверува.

Поверува затоа што заев НИКОГАШ не веруваше во тоа дека треба народот да го убедува со некаква пропаганда, напротив, остави медиумитеи и народот, сами, слободни да донесуваат заклучоци и коментар и да носат суд за неговата работа и владата и локалната власт. Некои му замеруваат за тоа, но за тоа во друга прилика.

Си замина како великан, дури и во пораз, тој е недостижена величина за повеќето политичари во земјава.

Му испратив порака вечерва на другарот Зоки Заев, пораката вака гласи:

Друже ти си голем човек, историјата ќе те споменува како голем великан кој ја издигнал земјата на едно ниво погоре, биди жив и здрав и среќен и сега кога веќе имаш повеќе време конечно да пиеме едно кафе па и ручек нека падне, не сме се виделе од интервјуто што ти го правев за Наша ТВ во Струмица во 2012-та, речиси пред 10 години. Биди ми поздравен и фала ти за се што направи за оваа држава и за овој народ!

sunwin

sunwin sunwin.apk mới nhất sunwin club

tải sunwin game sunwin sunwin club

tải sunwin tải sunwin game bài sunwin

tải sunwin