ИМПЕРИЈАТА НА ЧИФЛИГАНЕЦ СЕ ШИРИ – АДОРА ЕНЕРЏИ СОЛУШНС СЕГА ЌЕ ГО СНАБДУВА СКОПЈЕ СО ТОПЛИНА И СТРУЈА: Топлификација ја прифати понудата од Чифлиганец од 9,3 милиони евра

Собранието на доверители на Топлификација ja прифати понудата на Адора инженеринг на бизнисменот Ванчо Чифлиганец на одржаната лицитација.

Станува збор за претходно позната понуда од 9,3 милиони евра со ДДВ за топланите Исток и Запад кои се дел од стечајната маса на Топлификација.

Чифлиганец претходно рече дека ова е најдобра понуда што некој некогаш ја понудил за Топлификација и дека ќе ја прифати одлуката на доверителите каква и да биде.

Додаде дека сака овој бизнис да биде во домашни раце и дека така Адора инженеринг ќе биде прв правен субјект што ќе достави реална понуда.