ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА ШТИП – Бочварски: Потпишан договорт за изградба на брана “Отиња” во Штип

Ве информираме дека Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска го потпиша договорот за изградба на насипната брана со придружни објекти „Отиња” во Штип.

Инвестиционата вредност на проектот е 306 милиони денари. Средствата се обезбедени од Буџетот на Министерството за транспорт и врски.

Рокот предвиден за изведба согласно договорите е 30 месеци. Со овој проект е предвидено да се изведе камено земјена брана со централно глинено јадро со висина од 33 метри.

“ Посебно сум горд на овој проект, бидејки со децении и децении беше најавуван, но денеска официјално ја означуваме неговата реализација.

Би сакал да потенцирам дека, претходно и како градоначалник на општина Штип, со тимот од општината, со државните институции, професори, инженери и проектанти, вложивме огромен труд и работа за овој проект да биде реална инвестиција. Денеска, Министерството за транспорт и врски ги потпиша договорите за изведба и надзор. Средствата се обезбедени од Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2021, 2022 и 2023 година.

Особено сум горд на овој проект кој беше ветен на Штип и Штипјани со кој се создаваат нови можности за развој на регионот”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Link with us
Game bài đổi thưởng