ИСТОРИСКИ МОМЕНТ НА БАЛКАНОТ: МАКЕДОНСКИОТ СУДИЈА СТАВРЕВ ГО СУДЕШЕ ДЕРБИТО НА ГРЧКОТО ПРВЕНСТВО ОЛИМПИЈАКОС – ПАОК!

Ставрев го судеше грчкото дерби во Солун: ПАОК-Олимпијакос

За првпат во фудбалската историја на Северна Македонија и Грција, еден македонски судија, доби големо признание да го суди дербито во Првата лига на Грција. Во Солун, на познатиот стадион „Тумба“ нашиот најдобар судија Александар Ставрев, со своите помошници Дејан Костадинов и Гоце Петревски го судеа мечот меѓу ПАОК и Олимпијакос на покана на Судискиот комитет на Грција.

Победија домаќините со 2:0. Од мечот имаше директен ТВ пренос. Во грчкиот печат прочитавме многу комплименти за одличната арбитража на македонскатата судиска тројка. Во Грција последниве години судии од странство мошне често ги судат нивните дерби натпревари по барање на клубовите, најмногу од Германија, Англија и Холандија.

Ставрев со своите помошници имаа можност за првпат во својата кариера на еден официјален меч да се запознаат како функционира ВАР систем, со кој раководеше судија од Холандија. На трипати беше користен, и на сите покажа дека одлуките на судиите од Македонија биле според фудбалските прописи. Инаку Ставрев досега нема судено на ниту една екипа од Грција и во европските купови .

Link with us
  • go88
  • sun win gamesunwin sunwin lên vtv1
  • go88 game doi thuong go88 go88 go math
Game bài đổi thưởng