Издадена меѓународна потерница за Анџело Ѓорѓиевски, првоосомничен за убиството на Денис Тот

Анџело Ѓорѓиевски, првоосомничен за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот | Фото: МВР
Пет дена по смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот пред дискотеката „Привилиџ“ во Скопје, полицијата издаде меѓународна потерница против првоосомничениот, 28-годишниот Анџело Ѓорѓиевски. Тој се бара за убиство, по член 123 од Кривичниот законик.

Нападот се случи рано изутрината, после 3 часот, на 7 април годинава. Веднаш потоа вработена од дискотеката „Привилиџ“ пријавила во Брза помош дека младото момче лежи на асфалтот. Ракометарот Тот бил донесен на Клиниката за реанимација, анестезија и интензивно лекување (КАРИЛ) без срцева акција и наводно без видливи траги на насилство.

Имало еден успешен обид за реанимација, но тој почина истиот ден попладнето. Голем број шпекулации и информации се отворија за овој случај сè додека не се откри дека полицијата, по прегледувањето на камерите на „Сејф Сити“, ја нашла снимката на која се гледа како хрватскиот ракометар е нападнат од неколку лица, меѓу кои и една девојка. Тој уште при првиот зададен удар паѓа на асфалтот пред дискотеката и не се поместува. Сето ова, како што можеше да се види и од снимките кои протекоа во јавноста, се случува пред неколку сведоци, кои само набљудуваат и ниту еден од нив не се јавува да го пријави случајот.

Извештајот од обдукцијата на 28-годишниот хрватски ракометар потврдил дека смртта била насилна.

Две лица беа приведени за овој трагичен настан. Деветнаесетгодишната К.Л. и 22-годишниот Д.А. се во Истражниот затвор во Шуто Оризари и одреден им е притвор од 30 дена.

Првоосомничениот Ѓорѓиевски, кој му ги задава и првите удари на Тот, е во бегство. Полицијата прво го бараше во државава, а денеска распиша и меѓународна потерница.

Погребот на хрватскиот коментар беше извршен денеска.

Link with us
Game bài đổi thưởng