Денес изби уште еден пожар во куќа во село Возарци, што доведе до проширување и во соседните куќи. Но Противпожарната единица Кавадарци повторно со брза интервенција спречи поголема катастрофа и истиот е навремено изгаснат.
Градоначалникот на Општина Кавадарци ќе направи се да му помогне и на ова семејство, но истовремено упатува и апел до граѓаните да бидат повнимателни при греењето во своите домови и други објекти.