Излегоа од печат новите книги поезија “Лирски елегии” и “Поеми од Балканот” на д-р Александар Саша Трајковски, во издаваштво на битолската издавачка куќа “Дата Песнопој” на г-от Илија Мерковски

Имајќи ја во предвид компетентноста на авторот да пишува за човечката психологијата, бидејќи по вокација е лекар, му дава можност со голема леснотија да успее на многу едноставен начин да ги прикаже детални сите слоеви од раскошната, божествена и совршено искрена убавината на човекот, но во исто време и неговите лоши и темни страни, се она што може да го опкружува еден човек во едно општство, што го вознемирува или го опструира. Како што вели авторот, неговата професија, колку е благородна толку и комплицирано сложена, што самата по себе како ланец зад себе си го носи тој толку непосакуван, но неизбежен стрес, обременетост секојдневна со анксиозност, тага, емпатија кон тие што страдаат, и сето ова е всушност и главната инспирација негова за пишување на поезија, но и конкретно во неговите најнови книги, вели д-р Александар. Напоменува дека најновите ракописи биле пишувани во еден период од неговиот живот кој не бил многу лесен, и ни цитираше еден запис од неговите книги:

“Поезија најдобрата се пишува во моментите на тага најголема,
под влијание на емоцијата најсилна,
во смртна тишина најтемна ….”

Поконкретно за збирките книги поезија “Лирски елегии” и “Поеми од Балканот” д-р Александар напоменува дека се максимално емоционално длабоки, што всушност преставува и единствениот можен начин да ја прикаже најобјективно убавината на неговата сопруга, нејзината подршка секојдневна во тоа што тој го работи, а со други пократки, но и помоќни и поосодветни зборови како што вели, дека само преку поезијата може да се прикаже “неговата љубов кон мајката на неговите синови”, но и во исто време да даде по некој совет за своите синови. Книгите му се изобилство на моќни пораки за неговите размислувања за се она што е небулозно и секојдневно не’ опкружува, за се’ почестата деструкција, опструкција, за нашето општество со сите свои убавини и маани, а многу поеми посветил на личности , кои како што вели самите ќе се пронајдат уште по првиот прочитан стих …

Пројавувал љубов кон пишаното слово уште од најмлади години, а исто тајка му објавувале многу лични творби во „Битолски весник“ конкретно, но и во други пишани списанија, a често јавно настапувал и на најразлични приредби. Прогласен е за најдобар ученик на својата генерација за 1997 во ОУ ‘Гоце Делчев”.

Завршува Медицински факултет во Букурешт и магистерските студии , а ја преставува и првата генерација македонски доктори од Букурешт, Романија кој медицинските и магистерските студии ги завршува по програмата на Болоња на Медицинскиот факултет во Букурешт.
Тој воедно ја преставува трета генерација интелектуалци од неговата фамилија. Дедо му е адвокат со завршено римско право, но и автор и коавтор на повеќе книги, а татко му исто така ја има истата професија како неговата и многу често вели дека колку е преголема гордост, во исто време е и тежина, да се носи таа интелектуална “жичка”, а сега како што ни’ кажува авторот, започнал многу сериозно да се фокусира, на неговите два сина Даниел А. и Алексеј Ј. да полека, но сигурно го продолжат патот на своите претходници. Ќе настојува, но без пресија врз нив, да станат лекари, нескромно имајки го во предвид нивниот потенцијал интелектуален, но сепак накрај вели дека тие самите треба да си одлучат што е најдобро за нив.
Од 29 јуни 2021 година управниот одбор на МНД-Битола го одобри неговото членување, со што официјално станал дел од МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ДРУШТВО – БИТОЛА кое е формирано уште во далечната 1960 година, што за него лично преставува најголема чест и успех во неговата кариера.

И за крај, ни’ ветува дека ќе продолжи да пишува и читателите да очекуваат уште многу нови книги поезија од него …

tải sunwin sunwin tải sunwin

tải sunwin

sun win

tải sunwin

tải sunwin