ИЗЛЕТА АВТОМОБИЛ ОД АВТОПАТОТ СКОПЈЕ ВЕЛЕС, ПОЧИНА ДЕТЕТО, РОДИТЕЛИТЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ

Возило излета од коловоз, загина малолетник и две лица се повредени

На автопатот Скопје-Велес пред наплатната станица Сопот, патничко моторно возило управувано од 38-годишниот Д.В. од Неготино, излетало од коловозот.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник(дете) и биле пренесени во Општа болница Велес, каде од лекар била констатирана смрт кај малолетникот. Исто така, со тешки телесни повреди се здобила и сопатничката В.В.(28) од Неготино, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје“, информираат од МВР.

Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител по чија наредба телото било предадено на обдукција.