Измама на векот во Македонија: Како пирамидалната шема „Биг Комерц“ успеа да ги измами Македонците за најверојатно 80 милиони евра

Во Македонија мора да признаеме дека често се испробуваат некои „лесни“ начини за заработка, но факт е дека работите не доаѓаат толку лесно во животот па на крај можете да завршите измамени и без вашите пари. Токму тоа се случи со најновата измама „Биг Комерц“, пренесува Мотика.

Вревата првин се крена на социјалните мрежи откако беше затворена илегалната апликација „Биг Комерц“. Се верува дека го украла оригиналното име на една компанија од Австралија за е-трговија и голем број на граѓани вложиле со надеж дека ќе им се вратат големи износи на пари.

За пирамидалната измама први се огласија од Порталб.мк. и ја споделија целосната приказна за тоа како изгледаат работите. Најдобра споредба за измамата е всушност аферата ТАТ кога штедилниците нуделе неверојатна камата од 30 отсто. Истото се случувало и со „Биг Комерц“, барале да се вложат пари, и наводно за низ луѓето требало да добијат „дебели“ камати. Дали некој навистина успеал да извлече пари од „Биг Комерц“ сѐ уште не е познато. Но, едно е сигурно, многу луѓе се оштетени.

„Апликацијата „Big Commerce“, како што се очекуваше, се покажа како голема измама; има 3 дена откако беше извршена промената на доменот на апликацијата, таа прифаќа уплати, но не ги враќа парите на своите корисници. Неофицијално се дознава дека граѓаните на РМ во Биг Комерц изгубиле околу 80 милиони евра. И сега… како понатаму? Ако сте млад или студент, вратете се на книгите, вие другите вратете се на работа, затоа што само тоа е продуктивно, алал приходот чист како солза, ве одржува живи и среќни, дури и кога заработувате малку! Пазете се од кибер гревовите/ злосторствата. Кражба на идентитет, фишинг, пирамидални шеми се некои од нив. Знајте дека ниту Ebay, ниту Walmart, ниту Wish, ниту Amazon, ниту кој било „Биг бос“ или платформа не работат за вас! Од соништа не се живее!“, пишува Порталб.мк.

Да, бидејќи за две недели се гарантирала двојна добивка, само само три месеци биле наводно уплатени 80 милиони евра.

Доколку некој сакал да инвестира во „Биг Комерц“ требал да инсталира апликација од линк пратен од лице кое што веќе ја инсталирало апликацијата. Наводно оној што ќе го испрати линкот добивал и процент. Секој можел да вложи колку сака и според „правилата“ секој ден добивал одреден процент/камата и сѐ што требал да прави е да клика 50 пати на копчето GRAB.

Уплатата и подигнувањето на парите се вршеле преку Binance (најпознатата берза за крипто валути), но кога станува збор за исплаќањето требало да чекаат од 4 до 72 часа и дури по 72 часа сфаќале дека се измамени.

Поука од оваа приказна е дека никој не „подарува“, да, „лесните пари“ постојат, тоа е факт, дали некој ќе има генијална идеја која ќе успее, или пак дури и да ги заработи преку криминал, но со кликање на копче… „тешка работа“.

Извор: Мотика