Последните изјави околу моделот на субвенционирање е одговор на главното нивно барање, субвенциите да ги добиваат тие што навистина произведуваат.
Мислам дека она што сега треба да го направи министерството е да остави (природно) да се поделат земјоделците кои живеат само од земјоделство и оние кои ги имаат површините и насадите само за субвенции. И сето внимание и поддршка да им се даде во иднина на првите.
Во меѓувреме акцентот и енергијата да се насочат на ИПАРД, Мерки како Млад земјоделец, рурална жена, нова механизација, дигитализација на земјоделството…Интерес има, особено од млади и амбициозни земјоделци и оние кои сериозно се зафатиле со ова производство, а такви и требаат на државата. Да се продолжи со капиталните инвестиции во системите за наводнување и терен, постојано екипи и тимови на министерството меѓу земјоделците, да се следи состојбата.
Незадоволни, политички обоени, хушкачи и критизери ќе има, но не треба да се дозволи тие да бидат погласни од позитивните работи во секторот. Со успешните приказни треба да им се контрира нив. А ги има многу.