Јакимовски го открива планот: Референдумот ќе биде догодина напролет, уставните измени наесен и избори во 2024 година

Референдумот го бараат за да оправдаат гласање во Собранието, да биде народот виновен, вели Стевчо Јакимовски за барањето за референдум за францускиот предлог од ВМРО-ДПМНЕ.

– Бугарите ќе влезат во Уставот, референдумот да биде догодина на пролет, а гласањето за уставните измени да биде догодина наесен и во 2024 година да има избори, тоа е планот, открива Јакимовски.

Овие од Европа нашиот Устав го смета за боксерска вреќа. секој кој стигне му удира два-три бокса. Зошто не се вметнат Македонците во бугарскиот Утсав? Значи нашиот е боксерска вреќа, а бугарскиот бетон и никој не го пипа, додаде Јакимовски.

Сега ќе ги лустрираме сите припадници на југословенските тајни служби кои работеле на бугарското прашање, а ние постхумно тие луѓе треба да ги направиме народни херои оти точно знаеле од каде доаѓа најголемата опасност за Македонија.

Не Бугарија да ни се извини за дејствијата во Втората светска војна, ние ќе треба да се извиниме. Ова со историјата е претеризам, ама ние сите жаби си ги голтнавме, а секоја следна ќе биде поголема вели Јакимовски.