(ВИДЕО) ЈАНКУЛОВСКА ПЛАЧЕЈЌИ РАСПАЛИ ПО ЗАЕВ И НОВИНАРИТЕ НА КРАЈОТ ОД СУДЕЊЕТО ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕТО: СДСМ сака да ми се одмазди, новинарите ме оцрнија како монструм, сите околу мене се криви, само јас за ништо не сум крива, ништо не сум знајала, јас сум жртва која наместо оштета доби обвинение?!?!

– Јас ништо не сум знаела, дури сум и жртва. Документите кои ми ги давале да ги потпишам требало претходно некој да ги провери дали се законски или не. Не сум знаела дека во ДБК ќе се уништува опрема за псилушкување. Ова е обид на Заев и СДСМ да ми се одмаздат. Новинарите им помогнаа со тоа што ме оцрнија и ме направија монструм. Сите околу мене си терале свои агенди, јас ништо не сум знаела, ме користеле, јас сум жртва.

Гордана Јанкуловска се расплака и се жалеше дека е жртва, дека е цел на одмазда, дека новинарите и згрешиле, дека сите ја злоупотребиле, дека она ништо не знаела ни за прислушкување ни за уништувањето на опремата. Или женава е многу глупа и наивна или пак е многу расипана и сега глуми жртва пред јавноста, проценете сами. Само да ве потсетиме дека во снимките таа го советува Ставревски како да си купи стан на туѓо име, како ги исмева новинарите дека нема каде да пишуваат освен на социјални мрежи алудирајќи дека им се затворени медиумите, како се жалеше дека не може едно убиство да се скрие, она на Мартин Нешковски, како го убедуваше Мартин Протоѓер дека трреба опозиционерите во МВР да се сотрат! Како сама му кажуваше на Ставревски дека сите ќе одат во затвор, како сама признаваше дека Груевскси и сите околу него се забегани!

Видео од нејзиното завршно искажување на крајот од судскиот процес ТАРГЕТ – ТВРДИНА, овде на овој линк.

Link with us
Game bài đổi thưởng