ЈАВЕН ОГЛАС НА ОПШТИНА ЦЕНТАР ЗА ДОБРОВОЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЧЛЕНОВИ ВО ПАРТИЦИПАТИВНОТО ТЕЛО ОД ОБЛАСТА НА УРБАНИЗМОТ

(Скопје, 21.5.2021) Општина Центар распиша Јавен оглас за доброволно пријавување на членови во партиципативното тело од областа на урбанизмот, согласно член 46 став 3 од Законот за урбанистичко планирање и член 49 од Статутот на Општина Центар-Скопје, со цел да се обезбеди инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање.

Партиципативното тело ќе ѝ овозможи на јавноста да учествува во постапките за изработување детални урбанистички планови, со обезбедување пристап на јавноста до информации, односно до податоци за просторот со кој располагаат надлежните органи и субјектите во јавните овластувања. Партиципативното тело ќе има консултативна улога и ќе ги претставува различните интереси во локалната заедница, мислењата и потребите на граѓаните во областа на урбанизмот со давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување плански решенија.

На Јавниот оглас може доброволно да се пријават заинтересираните физички и правни лица што се претставници на невладини организации, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на Општина Центар, групи граѓани и стручни лица од областа на урбанистичкото планирање. Потребни услови што треба да ги исполнуваат кандидатите се да бидат жители на Општина Центар, доказ за регистрирана дејност со седиште во Општина Центар и доказ дека програмските дејности на здружението се од областа на планирањето.

Јавниот оглас ќе трае до 18 јуни 2021 година, а сите заинтересирани ќе можат да се информираат и да ги преземат потребните документи за аплицирање на општинската веб-страница www.centar.gov.mk. Потребните документи треба да се достават во писмена форма во Архивата на Општина Центар или во електронска форма на participativnotelo@centar.gov.mk. Избраните кандидати што ги исполнуваат условите ќе бидат селектирани врз основа на принципот прв пријавен-прв услужен, а Општината ќе ги извести во рок од 15 дена по истекот на рокот за доставување пријави.

go88 đánh go88 go88top

tại go88 cc go88 bet go88

go88