ЈАВНОСТА ВО ЕУФОРИЈА, МАФИЈАТА ПАК ПОРАЗЕНА – Апелација одлучи: Мијалков останува во Шутка!

Апелацискиот суд во Скопје ја одби гаранцијата на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, и одлучи тој да остане во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Мијалков нудеше гаранција од 10,8 милиони евра, но Основниот кривичен суд ја одби, и покрај тоа што имаше позитивно мислење од обвинителот Артан Ајро. За одлуката на Кривичен, ексдиректорот на УБК и неговите адвокати се жалеа до Апелација каде што попладнево одлучиле да ја одбијат жалбата и да го потврдат решението од првостепениот суд.

На одлуката ѝ претходеше и мислење од вишиот обвинител Бурим Рустеми, кој, за разлика од неговиот колега Ајро, беше на став дека гаранцијата не треба да се прифати.

Мијалков издржува мерка притвор во предметот „Трезор“, каде што е неправосилно осуден на 8 години затвор. Тој има уште една неправосилна пресуда за „Таргет-Тврдина“ од 12 години затвор, а наредната недела ќе ја слушне и пресудата за случајот „Тортура“. Против него се води и судски процес за случајот „Титаник 2“, а осомничен е и во истрагите „Империја“ и „Плацови на Водно“, за која неодамна беше поднесено обвинение и се чека одлука на судот дали ќе го прифати.

Link with us
Game bài đổi thưởng