ЈОВАНОСКИ: Одбележувањето на државниот празник, Денот на народното востанието 11 Октомври, оваа година ќе се организира во посебни услови

Одбележувањето на државниот празник, Денот на народното востанието 11 Октомври, оваа година ќе се организира во посебни услови, согласно протоколот на Владата за одбележување државни празници и без масовни собири. Во таа насока, содржината на програмата за одбележување на Денот на народното востание е редуцирана.

Програмата започнува утре, петок во 11 часот, со отворање на Фестивалот на медот.

Во сабота, во ЦК „Марко Цепенков“, од 09 до 13 часот ќе се одржи крводарителска акција, во организација на ОО на Црвениот Крст – Прилеп. Вечерта во 19 часот е импровизираниот напад на Участакот, а половина час подоцна во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи 20 издание на Интернационалниот детски музички фестивал „Ѕвездички“.

Заради почитување на протоколот за одбележување државни празници, оваа година ќе изостане традиционалниот огномет. Огнометот е една од главните причини заради кој граѓаните во голем број излегуваат на градскиот плоштад. Тоа, во актуелните услови на пандемија од Ковид-19, е ризик и потенцијална опасност за ширење на коронавирусот.

Ниту Општина Прилеп, ниту јас како градоначалник, немаме намера да им го ограничуваме правото на слободно движење на нашите сограѓани. Меѓутоа како одговорна власт и како одговорни граѓани, ќе ги спроведеме мерките за заштита од коронавирус. Истовремено, искажувајќи грижа за здравјето на граѓаните на нашата општина, упатувам апел до сите нив, доколку сепак одлучат да излезат во центарот на градот, да користат заштитни маски и да одржуваат дистанца.

Во недела, 11 октомври, чествувањата започнуваат во 8.30 часот, со полагање на свежо цвеќе на спомениците на Методија Андонов – Ченто, Кузман Јосифоски – Питу, Алејата на народните херои, споменикот „Жена борец“ и Могилата на непобедените.

Во 12 часот, во месноста „Топташ“ ќе се одржи „Топташ даунхил купот“, а одбележувањето на празникот ќе биде заокружено во 17 часот, кога во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи детскиот музички фестивал „Весели ѕвончиња“.

На сите граѓани им го честитам Денот на народното востание. Нека ни е честит и вековит 11 Октомври!

sunwin web sunwin tài xỉu sunwin tài xỉu

tải sunwin

game bài sunwin sunwin web sunwin tài xỉu

sunwin

sunwin