ЈОВАНОСКИ: Општина Прилеп спроведе заедничка јавна набавка за сите училишта, при што набавивме 600 таблет компјутери за децата од социјално ранливите категории, 240 статични и 168 лаптоп компјутери

Пандемијата на ковид-19 наложи промена на начинот на изведување на дел од наставата, која наместо со физичко присуство, мораше да се изведува онлајн.

Во насока на овозможување подобри услови за наставниците и учениците за следење на настава од далечина, Општина Прилеп спроведе заедничка јавна набавка за сите училишта, при што набавивме 600 таблет компјутери за децата од социјално ранливите категории, 240 статични и 168 лаптоп компјутери. Вкупната вредност на јавната набавка изнесува 16.714.812 денари.

Набавената опрема е на задоволство како на наставниците, така и на учениците, на кои ќе им биде овозможено преку таблет компјутерите непречено да ја следат наставата од далечина.
Заедничката јавна набавка е направена од две причини: сите училишта да имаат исти компјутери заради нивно поедноставно сервисирање и второ, затоа што секогаш кога се купува поголема количина, сумата на издвоени средства за јавната набавка е пониска.

Она што треба да се потенцира, е дека десктоп компјутерите се со монитор, камера и слушалки со микрофон, а сите набавени компјутери се со лиценциран оперативен систем Windows 10 Professional.

Link with us
Game bài đổi thưởng