ЈОВАНОСКИ: Општина Прилеп субвенционира 415 граѓани кои набавиле инвертори, како и 340 наши сограѓани кои аплицирале за набавка на велосипеди

На денешната седница на Советот на општина Прилеп беа донесени повеќе одлуки од интерес на граѓаните, меѓу кои и тие за измена и дополнување на Одлуките за субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните за купување на грејни тела со инвертор и велосипеди.

Со цел да им излеземе во пресрет на што поголем број граѓани на општина Прилеп, првично планираните 4.000.000 денари за субвенционирање на инвертори ги зголемивме на 4.142.973 денари, додека на сумата од 1.000.000 денари за велосипеди, додадовме дополнителни 637.495 денари.

Со тоа, Општина Прилеп субвенционира 415 граѓани кои набавиле инвертори, како и 340 наши сограѓани кои аплицирале за набавка на велосипеди.
До крајот на оваа недела, односно до петок 2 јули, субвенционираните средства ќе бидат префрлени на жиро-сметките на граѓаните.

#ОпштинаПрилеп
#ОпштинаЗаСитеГраѓани

Link with us
  • sunwin tại sunwin về iphone
  • rikvip rikvip 1 rikvip 2020
  • rikvip quảng cáo tải game rikvip rik vip
Game bài đổi thưởng