ЈОВАНОСКИ: Со нападот на Участакот и почетокот на антифашистичката борба, започна процесот на впишување на нашата држава во светската мапа на народите. Тогаш, на тој 11-ти октомври 1941 година, со вклучувањето во антифашистичкиот сојуз, храбрите борци го трасираа патот кон создавање сопствена, македонска држава

Илија Јованоски

Денот на народното востание, 11.Октомври, е ден на деновите, празник на празниците, симбол на нашиот нескршлив и револуционерен дух, темелник на македонската државност.
На овој ден, пред точно 79 години, со екот на првите востанички пушки во Прилеп и Куманово, храбрите партизани испишаа уште една светла страница во македонската историја.
Со нападот на Участакот и почетокот на антифашистичката борба, започна процесот на впишување на нашата држава во светската мапа на народите. Тогаш, на тој 11-ти октомври 1941 година, со вклучувањето во антифашистичкиот сојуз, храбрите борци го трасираа патот кон создавање сопствена, македонска држава.

И тогаш, но и од сегашна временска дистанца, мора да констатираме дека одлуката да и’ се застане на патот на тогаш моќната хитлеровска армија, беше и повеќе од храбра одлука. Меѓутоа, водени од вербата во правда и желбата за слобода, партизаните го обединија народот и ги поведоа граѓаните по патот за создавање своја држава.

Прилеп и прилепчани, како и секогаш, храбро и одлучно застанаа во првите борбени редови. Благодарение на пожртвуваноста и храброста на 15-те народни херои, но и на сите останати борци и учесници во антифашистичката војна, денес секој граѓанин на Прилеп со право се гордее со епитетот Град Херој – Првоборец.
Сите ние сме вечни должници на генерацијата на илјадници знајни и незнајни борци која ни ја донесе слободата. Саможртвата и грандиозното дело со кои се вградија себеси во самостојноста на татковината, ќе останат вечно врежани во нашите срца.

Имаме и историска, но и генерациска обврска и одговорност, да ја чуваме слободата, да градиме силни и развиени општини, да ги унапредуваме социјалната правда, економијата, здравството и другите сегменти од општеството, да ја градиме држвата како рамноправен и просперитетен дом за сите граѓани.

Она што ние денес, 79 години подоцна треба да го правиме, е да го следиме нивниот пример: да носиме храбри одлуки, да преземеме одговорност и да постигниме внатрешно единство во остварувањето на посакуваните цели – создавање просперитетна држава, која после пристапувањето кон НАТО сојузот, ќе стане членка и на Европската Унија.

Мораме да се обединиме во остварувањето на овие свети и благородни цели, на кои не’ обврзаа нашите храбри предци. Пред нас е и предизвикот на пандемијата со вирусот со Ковид-19, кој сериозно ги разниша сите држави во светот, нанесувајќи им огромни загуби, како во одземените човечки животи, така и во сферата на економијата. Токму во сплотеноста и во почитувањето на мерките за заштита на личното и колективното здравје, се наоѓа клучот за победата и над ова зло.

Јас верувам и знам дека заедно ќе го победиме подмолниот непријател и дека после се’, и како народ и како држава, од сето ова ќе излеземе и посилни, и пообединети.
Нека е вечен споменот на хероите!

Нека ни е честит 11.Октомври, Денот на народното востание!

sunwin

sunwin

tải sunwin

sun win

game bài sunwin sunwin apk tải sunwin