ЈОВАНОСКИ: Во завршна фаза се градежните активности на проектот „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“

Осветлени пешачки патеки, видиковци, игралишта за кошарка, одбојка и пинг-понг, можности за организација на културни настани, се дел од содржините во кои ќе можат да уживаат граѓаните на општина Прилеп.

Со финансиска поддршка од Европската Унија, до крајот на овој месец, Прилеп ќе добие нов, современ спортско – рекреативен комплекс, кој ќе биде нова гордост на прилепчани.

Пред граѓаните дадовме збор дека ќе го вратиме сјајот на ова популарно излетничко место. Ветено, сторено!

Link with us
Game bài đổi thưởng