ЈОВАНОСКИ: ЗА ЕДЕН МАНДАТ ВО ПРИЛЕП СРАБОТИВМЕ ПОВЕЌЕ ОД ТРИ ПОРАНЕШНИ МАНДАТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ВМРО ДПМНЕ

На вечерашната средба со жителите на Варошко маало, заедно констатиравме дека во изминатите три и пол години од мојот мандат, реализиравме повеќе проекти отколку претходната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ за 3 мандати, односно 12 години.

Булеварот „Гоце Делчев“, мостот на Градска река, проектот „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“, Градскиот стадион „Гоце Делчев“, се дела со кои се гордее секој прилепчанец.
Нашиот неселективен пристап во работата значеше посветување подеднакво внимание на сите граѓани, во сите урбани делови од градот, но и во населените места.

Го слушаме гласот на граѓаните. Разговараме за нивните проблеми и потреби. СДСМ има најдобри проекти, најдобра понуда, концепт, визија и најдобар степен на реализација. За нас зборот е збор. Продолжуваме понатаму заедно со граѓаните, бидејќи тоа е најдоброто за нашата општина!

#НајдобротоЗаНашатаОпштина

Link with us
Game bài đổi thưởng