joci.mk
Јове Кекеновски, мачето му, рипката, папагалот и секретарката решиле да коалицираат со Мицкоски. Сево ова, после кофи и кофи истурен кравји булшит врз главата на Мицкоски.
Не знам дали Јове со себе во новата коалиција го зел и двоседот од ,,Смок” од Аутокоманда. И дали токму на него се ,,потпишала” оваа нова хармоникашка формација, но баш и не е битно во моментов, док не стане битно.
Туку, ова е истиов Јове кој во јули бараше оставки од Мицкоски и од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, а во август му бараше да се извини на македонскиот народ.
Што се случило во октомври, си знаат ѕидовите во ,,Смок”.
Добро, де. И уште илјада души.
Што би се рекло – Заев го бутаат уште утре со мал прст, овие гранде демохристијани, верни, чесни, честити, морални нали, страааав и трепееет за СДСМ, што би рекла Вале Божиновска …
#Двосед #Коалиција