ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА СКОПЈЕ: Продолжуваат градежните активности на улиците во Волково

ЈП Улици и патишта продолжува со одвивање на градежните активности на улицата 73 во населеното место Волково, во општина Ѓорче Петров.

Денеска се асфалтира улицата бр.73 на вкупна површина од 665 квадратни метри. Улицата е со должина од 190метри и широка 3,5метри.

Екипите на ЈП Улици и патишта во координација со Градот Скопје ќе продолжат во наредниве денови и на останатите локални улици во населените места Волково следни се улица бр.21 и бр.23, а потоа и на улиците во населено место Даме Груев и Стопански Двор согласно предвидената динамика за изградба на улиците.