КАДЕ БРЗАТЕ БЕ ЛУЃЕ, СЕ ИСПОТЕПАВМЕ – Повторно прегазен пешак во Скопје

Вчера во 10.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(62) од с.Идризово, скопско, удрило во пешакот А.Ѓ.(58) од Скопје.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.