Каевски: Граѓаните ќе сфатат дека СДСМ знае да слуша, да се извини и да се поправи

Во изминатиот период од неколку дена направивме цврста анализа низ сето она што се случи, вредно е дека изборите поминаа во една фер и демократска атмосфера, истакна во ‘Само вистина’ Дарко Каевски од СДСМ. Тој додаде дека во однос на резултатите, граѓаните во неделата упатиле сериозна порака.

-Ние како СДСМ ја примивме пораката којашто покажува дека одредени процеси, дејствија, реформи и сето тоа придонесе да ни упатат порака која и тоа како мора да се подразмисли како можеме да ја исправиме. Најважно од се е како од овие избори да се извлече поуката и да се продолжи напред, рече Каевски.

Тој додаде дека пред се треба да ѝ се покаже на јавноста дека СДСМ знае да се исправи, да слуша и знае да се извини.

-Оваа состојба се надеваме дека ќе резултира за победа во вториот круг која е важна за државата затоа што многу граѓани видоа во изминатите денови дека се заканува, чука на портите режимот и тоа е пораката која што сите граѓани ја знаат, рече Каевски.