Каевски: Владата е силно фокусирана на справување со последиците од кризите, стопанството не може да си дозволи предвремени избори во вакви околности

Потребна е конструктивна опозиција, затоа што се соочуваме и со здравствена и енергетска криза, со заеднички пристап кон овие важни прашања и проблеми, можеме да понудиме подобар сервис за граѓаните, истакна пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Тој додаде дека таква опозиција, за жал нема во моментов, а немаше таква опозиција во целиот период на криза, туку напротив опозиција која буквално кочеше и опструираше се што е важно за граѓаните, а сега бара предвремени парламентарни избори.

Парламентарните избори значат нови кочници и блокади на македонското стопанство, кое не може да си дозволи предвремени избори бидејќи се соочуваме со енергетска и здравствена криза, нови блокади, оспорувања и кочници на системот, кои ќе доведат до пропаѓање и губење на работни места нагласи Каевски, додавајќи дека следните избори ќе бидат редовни, во 2024 година.

Пратеникот од СДСМ додаде дека Владата во овие моменти е силно фокусирана на справување со последиците од кризите, бидејќи само така може да се покажe на граѓаните дека политичарите се фокусирани на решавање на проблемите, а не на евтини и ситни политички поени за доаѓање на власт.

game sunwin game sunwin sunwin tài xỉu

sunwin

sunwin apk sunwin tài xỉu sunwin

sunwin.apk mới nhất game bài sunwin sunwin apk

sunwin club