КАКО ШТО ДОЛИКУВА НА ЕДЕН ДЕМОКРАТ, ЗАЕВ ПРИФАТИ ТВ ДУЕЛ СО МИЦКОВСКИ, ЌЕ СЕ СООЧАТ УТРЕ ВО 18.30 ЧАСОТ НА КАНАЛ 5 ТЕЛЕВИЗИЈА

Канал 5 има чест да ви го најави одлучувачкиот ДУЕЛ ЗА ИДНИНАТА, помеѓу најголемите политички опоненти во Македонија, Премиер и Лидер на СДСМ, Зоран Заев и Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Заев, како премиер на Македонија доживеа да види веење на нашето знаме во седиштето на НАТО, решавање на спорот со Грција, но и ковид пандемијата како и последната несреќа со пожарот во Тетово. Дали Заев е задоволен од своите резултати?

Мицкоски, како лидер на најголемата опозиција , ги одби сите обиди за разнебитување на партијата со разни „реформатори“ и конгресмени, постојано дишејќи и во врат на владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ. Можеше ли Мицкоски да направи повеќе и да стане премиер на Македонија?

Кој лидер е за правда и европска Македонија, а кој моли правдата да ја нема и да не влеземе во ЕУ? Дали пописот ќе не зближи со сограѓаните или резултатот ќе предизвика нови поголеми поделби меѓу нас? Кој е некрофиличар а кој е некрофобичар и емпат?

Сите овие прашања и дилеми ќе ги поставува Гоце Михајлоски, а под жешките рефлектори во студиото на Канал 5 ќе бидат Христијан Мицкоски и Зоран Заев, во ДУЕЛОТ ЗА ИДНИНАТА , во Само Вистина, во понеделник 20 Септември во 18.30 часот на Канал 5 Телевизија!