КАКО ЗАЕВ ИСПАДНА ПО ЕРБАП ЗА ЕКОНОМИЈА ОД ГРУЕВСКИ, ЗОШТО ДЕСЕТИЦИ ИНВЕСТИТОРИ СЕ ТЕПААТ ЗА ДА ГРАДАТ ВЕТЕРНИЦИ, БРАНИ, ГАСНИ И ФОТО НАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ?!?!

Пишува: Саше Ивановски Политико

Премиерот Заев вчера пола саат ги читаше фирмите кои се заинтересирани во земјава да градат сончево централи, гасни централи, ветерници, хидро централи…

Како тоа одеднаш на светот му текна дека во земјава има сонце ветар и вода, па ние сонце ветар и вода имаме од пред 30, море од пред илјадници години, но како тоа баш сега тоа светските инвестироти го увидоа?!?!

Како тоа Грујо со своите десетици род шоуа по светот со своите десетици луѓе пратени по светот да бидат економски амбасадори не успеаја да донесат 12 години инвестоти за Чебрен, да донесат инвеститори за гасни централи, сончево колектори, ветерници?!?! Како тоа одеднаш нагрнаа десетици такви и Заев мораше да ги чита пола саат устата пена му фати?!?!

Сигурен сум дека ви е јасен одговорот на оваа дилема, одговорот има 4 букви – Н А Т О!

Секој инвеститор пред да вложи од 50 до 500 милиона евра некаде на другата страна на светот сака да знае дали откако ќе ги вложи тие пари, некаков комфликт, некаква будала качена на тенк ќе ја впери тоа цевката накај браната, гасната централа или оние стаклата од сончевата централа и ќе направи КА БУМ и ќе отидат парите во три лепе пизде материне.

Затоа откако влеговме во НАТО, одеднаш телефонот во владата почнал да брчи затоа што секој нормален парајлија што има на сметка неколку милијарди евра сака да ги оплоди, не сака да ги остави на сметка па инфлацијата да му ги изеде, туку сака да ги вложи во нешто најсигурно на свет – ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА!

Се повеќе светот ќе има потреба од овој ресурс, колите веќе ја баталуваат нафтата и се вртат кон струјата како енергенс, а и самата дигитализација оди кон тоа се повеќе да имаме потреба од компјутери, смартфони, таблети, роботи итн а сето тоа работи на струја.

Затоа е овој наплив на инвеститори, Заев знаеше дека прво мора да влеземе во НАТО и после парите сами ќе си дојдат, она што на Груевски никако не му влегуваше во главата мафијашка режимска.

Link with us
Game bài đổi thưởng