Го слушам денеска премиерот од Атина и не ми се верува, Грција ќе ја отворела границата за мазут и јаглен од грчките рудници да не измрзнеме зимава и да не ги затвориме фабриките?!?!
Ни дозволиле да учествуваме во гасниот терминал во Александрополис, значи имаме пристап на море да се снабдиме со гас од Азербејџан и од гасните танкери кои носат гас од САД, Арабија и Норвешка?!
Ќе инвестираат 500 милиона евра во хидроцентралата Чебрен и во гасна централа во Скопје проект вреден 200 милиона евра?!
Чекајте бе луѓе, како ваква работа?! Нели Грците сакаат да не сотрат?! Нели сакаат Македоња да ја снема!? Како вака?! Што е ова?!?!
Уште еднаш се гледа визионерството на Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Петре Шилегов, Оливер Спасовски и сите првоборци кои гинеа на 27-ми април за да ја засилат земјата да има повеќе пријатели за тешки времиња за народот да не пати и да не се мачи оставен на цедило и премрежја!