Почитувани пријатели , колеги од ДППД „ Коузон “ и сите љубители на планините во Македонија
НАШЕТО НАЦИОНАЛНО БОГАТСТВО , НАШИТЕ МАКЕДОНСКИ ПЛАНИНИ , секое лето се изложени на ризик од пожари и уништување на непроценливото шумско богатство и убавините што ги нуди природата.
Со заедничко здружување и превентивно делување , можеме да постигнеме многу во заштита на шумите од евентуални несакани пожари.
Уште повеќе , ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ДА ДЕЈСТВУВАМЕ во случај на појавување на шумски пожари во нашата непосредна близина и низ територијата на Македонија.
ЗАРАДИ ОВИЕ ЦЕЛИ
Ве покануваме да се вклучите во кампањата на ДППД „Коузон“,
`ДА СЕ ОБУЧИМЕ И ДА ЈА ЗАШТИТИМЕ ДРЖАВАТА ОД ПОЖАРИ`
Во периодот кој следи, ќе стартуваме со обуки за доброволни пожарникари кои ќе ги организираме заедно со Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија (ДЗС) .
Нашите обучени тимови да бидите вклучени во рамките на просторните и територијални сили на Р.М. за гасење на пожари и справување со елементарни непогоди.
Да се здружиме и да ги ЗАШТИТИМЕ НАШИТЕ ШУМИ за доброто на сите во Македонија.
Повелете, пријавете се на следниот линк https://forms.gle/SSbKj8YwaMKMfShVA
fire@kouzon.com.mk
Благодариме за соработката