КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ОД СДСМ ВО СКОПЈЕ СЕ ОБВРЗАА: Ин Витро на сметка на општините, 50% попуст за градинка, 50% поевтини оброци за учениците, 100 стипендии од 200е

✔️Покриваме до 50% од месечниот трошок за градинка. Семејствата со едно дете во градинка ќе можат да заштедат до 150 евра годишно благодарение на помошта на градот и општината
✔️Учениците ќе добиваат до 50% поевтин оброк во училиштата. Родителите ќе можат да задржат до 200 евра годишно во семејниот буџет, ако ја земеме сумата од 2000 денари месечно што денес во просек ја трошат за оваа намена.
✔️За остварување на желбата за потомство, го помагаме процесот на биомедицинско потпомогнато оплодување преку финансиска поддршка на паровите. Сакате да продолжите да се обидувате и после третиот обид? Градот е тука да финансиски да ве поддржи во вашите планови за семејство
✔️Обезбедуваме 100 стипендии во висина од 12.000 денари месечно за најдобрите средношколци од средните училишта на Град Скопје кои ќе се запишат на некој од државните универзитети.
✔️За секој средношколец од градските училишта, обезбедуваме бесплатно овошје за време на училишниот престој.
✔️На сите постдипломци и докторанди кои студираат на државните универзитети во Скопје им овозможуваме бесплатен превоз во градските автобуси.